Во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.
На претходното рочиште беа сослушани сведоци предложени од Обвинителството. Вработен во Дирекцијата за заштита и спасување изјави дека според негови сознанија Дирекцијата нема вршено инспекциски надзори врз кабареа и дискотеки во Македонија се до пожарот во Кочани.








