Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ најави мерки за стабилизирање на цените и заштита на стандардот. клучна мерка е намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10%, со цел да се ублажи поскапувањето, велат од владејачката партија. Оттаму велат дека се очекува бензините да останат речиси непроменети, а дизелот да поскапи умерено.
Дополнително, ќе се ослободат количини мазут од државните резерви за стабилизација на цената на струјата. Додаваат дека мерките треба да донесат значителни заштеди за граѓаните и да спречат ширење на инфлацијата. ВМРО-ДПМНЕ велат дека енергетскиот систем функционира стабилно, со активни капацитети како РЕК Битола. целта е да се спречи раст на цените на храната, транспортот и услугите.








