HomeМакедонијаЈКП Комуналец Прилеп: Ставен под контрола пожарот кај Алинци - Депонијата целосно...

ЈКП Комуналец Прилеп: Ставен под контрола пожарот кај Алинци – Депонијата целосно изгасната

- Advertisement -spot_img

Пожарот на депонијата во Алинци, кој се сметаше за еден од најголемите предизвикани од непознат сторител, е целосно изгаснат.

Во текот на три дена, вработените од ТППЕ Прилеп, ЈКП Комуналец, Дирекцијата за заштита и спасување, како и голем број општествено одговорни компании, со пожртвуваност и интензивни напори успеаа да го совладаат огнот кој се закануваше да се прошири и на останатите ламели.

Компаниите кои учествуваа освен човечки ресурси, на располагање ја ставија и својата градежна механизација, цистерни и транспортни возила, додека Територијалната противпожарна единица повторно покажа висок професионализам и подготвеност за најголеми ризици.

ЈКП Комуналец нагласува дека овој настан ја потврдува важноста на регионалното депонирање на отпадот за сите општини во Македонија, со претходна селекција на отпадот на местото на настанување и инвестиции во инсталации за управување со отпад.

Со тоа, се обезбедува поголема безбедност и заштита на животната средина за граѓаните на Прилеп и пошироката регија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img