Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
Во својата порака, Проданоски им посака на сите верници празничните денови да донесат мир, здравје, радост и благосостојба во нивните домови, нагласувајќи ја важноста на заедништвото и солидарноста во општеството.
„Нека празничните денови донесат мир, здравје, радост и благосостојба во секој дом. Духот на солидарност, меѓусебна почит и заедништво нека продолжи да нè води кон подобра иднина“, стои во честитката.
Тој потенцираше дека е особено важно да се негуваат заедничките вредности како што се хуманоста, разбирањето и почитта, бидејќи само преку единство може да се изгради посилна и понапредна заедница.
„Само сплотени можеме да изградиме посреќна и просперитетна заедница, како и поправедно општество“, порача Проданоски.








