Црна Гора привремено го затвори Поглавјето 21 од својот европски пат, кое се однесува на трансевропските мрежи.
На Меѓувладината конференција што се одржа вчера во Брисел, европската комесарка за проширување Марта Кос оцени дека ова е значаен чекор напред, нагласувајќи дека Црна Гора продолжува да напредува во процесот на европска интеграција. Со ова, бројот на затворени поглавја изнесува 14 од 33.
Европската комесарка за проширување Марта Кос порача дека Црна Гора е најнапредна во процесот на пристапување кон ЕУ и дека нејзината напорната работа и посветеност ќе се исплатат.
Рече дека е уверена оти со силна политичка волја и посветеност, Црна Гора ќе продолжи со одлично темпо.
„Да нема забуна, драги мои пријатели во Црна Гора, го затвораме Поглавјето 21 од Трансевропските мрежи. Честитки до сите во Црна Гора. Европската комисија целосно ве поддржува во одржувањето на овој моментум“ – рече Кос на прес-конференцијата.
Додаде дека земјата мора да го зајакне владеењето на правото, да работи на зајакнување на независното и професионално судство и да ја усогласи својата визна политика со ЕУ.
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ истакна дека е затворено 14. од вкупно 33 поглавја во преговорите меѓу Црна Гора и Европската Унија со што земјата е сè поблиску до целосно поврзување со Унијата.








