HomeМакедонијаПроданоски со сограѓани од исламска вероисповед на заедничка ифтарска вечера во Прилеп...

Проданоски со сограѓани од исламска вероисповед на заедничка ифтарска вечера во Прилеп – Порака за почит, соживот и заедништво

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека по повод светиот месец Рамазан била организирана заедничка ифтарска вечера со сограѓани и пријатели од исламска вероисповед.
Како што посочи Проданоски во својата објава, настанот бил можност за дружење, почит и зацврстување на меѓусебното разбирање меѓу граѓаните.


„Овој настан е уште една потврда дека меѓусебната почит, традицијата и духовните вредности се темелот врз кој ги градиме нашите односи. Преку вакви средби испраќаме силна порака дека заедништвото и разбирањето се нашата најголема сила“, истакна Проданоски.


Тој нагласи дека ваквите средби придонесуваат за зајакнување на соживотот и за градење силна и обединета заедница.
Во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот упати честитки до сите припадници на исламската вероисповед, посакувајќи им овие свети денови да донесат мир, хармонија и благосостојба во секој дом.
„На сите припадници на исламската

вероисповед им посакувам добро здравје, спокој, радост и убави моменти поминати во кругот на најблиските“, порача Проданоски.
Тој додаде дека преку вакви иницијативи се испраќа порака дека заедништвото, почитта и меѓусебното разбирање се вредности врз кои се гради посветла иднина за Прилеп.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img