Судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, ќе биде нов државен јавен обвинител, потврдуваат од Владата за ТВ 24.
Савевски е еден од четворицата кандидати кои добија позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.
Тој е поранешен јавен обвинител, а во Кривичниот суд ги суди случаите од организиран криминал и корупција.








