HomeМакедонијаМинистерот за правда Игор Филков ќе претседава со работната група за реформи...

Министерот за правда Игор Филков ќе претседава со работната група за реформи во изборното законодавство

- Advertisement -spot_img

На денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство членовите на работната група едногласно го избраа министерот за правда Игор Филков за претседавач на ова тело. На седницата се дискутираше за Деловникот на работа и начинот на работа на работната група.

Следната седница е закажана на 23 март, а на членовите на работна група ќе им биде доставен текстот на измените на Изборниот законик кој ќе биде работен документ а го подготви Министерството за правда во јуни 2025 година во кои се вметнати препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Министерот за правда Игор Филков изјави дека целта е да се изгради стабилен, кредибилен и инклузивен изборен систем, усогласен со европските стандарди и добрите меѓународни практики.

,,Овој процес бара политичка зрелост, дијалог и консензус. Очекувам конструктивна дебата и активно учество од сите членови, затоа што реформите во изборното законодавство се од суштинско значење за демократскиот развој на државата и зајакнување на довербата на граѓаните во изборниот процес”,рече Филков.

Министерството за правда останува целосно посветено на транспарентен и ефикасен процес, со јасна динамика и конкретни резултати во периодот што следува.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img