Заедничката седница на Комисиите за надворешни работи и за одбрана и внатрешни работи на Кнесетот одобри едногодишно продолжување на законот, што се смета за дискриминаторски бидејќи им забранува на Палестинците кои се женат со израелски жени да добијат престој во Израел.
Таканаречениот Закон за државјанство првпат беше донесен во 2003 година, на врвот на Втората интифада, како привремена безбедносна наредба наменета за спречување на терористички напади, објавува „Тајмс оф Израел“.
Законот беше продолжен по потреба до јули 2021 година, кога кревката израелска коалиција, која тогаш беше на власт, не успеа да ги собере гласовите за неговото конечно усвојување.
Сепак, законот беше донесен во март 2022 година и оттогаш се продолжува секоја година.
Групите за човекови права тврдат дека законот дискриминира Палестинците и Арапите Израелци, но Врховниот суд, по долготрајна правна битка, го потврди законот на 6 мај 2012 година.
Пратениците во заедничкиот комитет гласаа со 2 спрема 1 за продолжување на законот до 14 март 2027 година, пренесува Танјуг.








