На седницата во понеделник, владата повторно воведе регулирање на максималната малопродажна цена на горивата, така што почнувајќи од вторник, 10 март, и во следните две недели, основниот бензин ќе биде поскап за четири центи, а дизелот за седум центи по литар, објави јавниот хрватски сервис ХРТ.
Премиерот ги откри и новите цени на горивата на бензинските пумпи.
– Ќе ја утврдиме основата за одредување на цените на горивата по двонеделен пресметковен период и до одреден степен ќе го намалиме износот на премијата на енергетските субјекти што се занимаваат со трговија со нафтени деривати. Исто така, ќе го намалиме износот на акцизата за дизел горивото, рече тој.
Пленковиќ посочи дека државатана овој начин се вклучува во забавување на наглиот раст на цените.








