Нов случај на семејно насилство. Во скопска Кисела Вода, полицијата го лиши од слобода Б.С. (55) од Скопје, поради сомневање дека пукал со пиштол кон својата 48-годишна сопруга и се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години, при што физички ја нападнал 24-годишната ќерка.
Инцидентот се случил по претходна расправија во домот, а насилното однесување продолжило и неколку дена подоцна, кога повторно се заканувал со оружје кон сопругата, но бил спречен од ќерките.
Б.С. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








