Малолетничка од тетовско била демнена од млад кратовец. Случајот во полиција го пријавил таткото.
На 2 март 2026 година во 19:10 часот во СВР Тетово, 49-годишен жител на тетовско пријавил дека неговата малолетна ќерка била вознемирувана од 23-годишник од кратовско, со кого претходно се познавале.
Според пријавеното, подолг период лицето ја вознемирувало малолетничката преку различни телефонски броеви и преку лажни профили на социјалните мрежи. Истиот ден околу 16:50 часот, по завршување на наставата, осомничениот ја следел од средното училиште кое го посетувала сѐ до автобуската постојка.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.








