На денешната седница на Економско-социјален совет, премиерот Христијан Мицкоски најави дека минималната плата ќе се зголеми и дека повисоките примања ќе започнат да се исплаќаат од април, за месец март.
Тој посочи дека Владата досега регулирала околу 95 проценти од односите со синдикатите преку колективни договори со рок на реализација до 2028 година, нагласувајќи дека не се преземаат обврски надвор од мандатот.
Мицкоски информираше дека е постигнат договор со синдикатите УПОЗ и САДУ за повисоки плати во администрацијата, при што во договорот биле вклучени и други синдикални организации.
Информацијата за висината на минималната плата за 2026 година е на дневен ред и се очекува да биде усвоена на следната владина седница. Премиерот повика на продолжување и интензивирање на дијалогот меѓу работодавачите и работниците, оценувајќи дека институционалниот дијалог е клучен за одржливи решенија.








