Адвокатот Ванчо Шехтански во емисијата Аргумент плус ја потврди информацијата на ТВВ24 дека има иницијатива за дел од поранешните функционери обвинети во случајот „Пулс“ , доставена до Јавното обвинителство за ревидирање на обвинението. Шехтански смета дека вака сроченото обвинение неминовно е да падне барем за 24 до 25 обвинети лица на кои се однесува иницијативата до ОЈО. Тој во Аргумент плус најави дека сега има нова друга постапка, односно обвинение за лица кои биле непосредно инволвирани во настанот а досега не биле обвинети.








