домаМакедонијаПерински: Поддршка за локалниот потенцијал-објавен повик за зголемување на регионалната конкурентност

Перински: Поддршка за локалниот потенцијал-објавен повик за зголемување на регионалната конкурентност

- Advertisement -spot_img

Министерството за локална самоуправа објави Јавен повик за финансирање на предлог-проекти насочени кон намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, по одделни мерки и активности за поттикнување рамномерен регионален развој.

Како приоритетни за 2026 година се утврдени следните активности и мерки: развој на современа и модерна инфраструктура во планските региони; препознавање и искористување на конкурентските предности на планските региони; подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти и користење обновливи извори на енергија.

Вкупниот износ на средства предвидени за финансирање на проекти изнесува 74.840.000 денари. Овие средства се предвидени во Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година.

Рок за поднесување апликации е во текот на 2026 година, односно до искористување на расположливите средства.

Повикот со условите и критериумите е достапен на веб-страницата на Министерството за локална самоуправа на следниот линк:

https://mls.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-povici/otvoren-javen-po…

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img