домаМакедонијаРеконструиран е дел од локалниот пат Драчево-мотел „Китка“

Реконструиран е дел од локалниот пат Драчево-мотел „Китка“

- Advertisement -spot_img

Реконструиран е дел од локалниот пат Драчево-мотел „Китка“, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски на својата страница на Фејсбук.

„Проектот опфати поставување нов асфалтен слој со дебелина од 8 сантиметри, уредување на банкини од двете страни на коловозот, изградба на армирано-бетонски пропусти и потпорни ѕидови, како и оформување отворени канали, риголи, тротоари и ивичници на клучните делови од трасата. Со вкупна должина од 6,42 километри и со ширина на коловозот од 3,5 метри, патот доби стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура“, објави премиерот Мицкоски. Инвестицијата во износ од 63.537.537 денари (нешто над 1 милион евра) е обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт.

„Овој проект има значајно влијание врз подобрувањето на руралната поврзаност, олеснување на секојдневниот транспорт и создавање услови за локален развој“, додаде Мицкоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img