домаМакедонијаВладата го чека мислењето од Советот за кандидатите за државен обвинител, еден...

Владата го чека мислењето од Советот за кандидатите за државен обвинител, еден ќе биде предложен пред пратениците

- Advertisement -spot_img

Советот на јавни обвинители утре ќе ја одржи 38. седница, на која единствена точка на дневен ред е давање мислење до Владата за кандидатите за нов државен јавен обвинител.

Согласно законските рокови, Советот во рок од 15 дена треба да достави позитивно или негативно мислење за пријавените, по што Владата ќе предложи еден од кандидатите што добил позитивна оценка до Собранието.

Според информации од дел од пријавените, во трката се актуелната в.д. државна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и обвинителката Лидија Раичевиќ.

Новиот обвинител треба да го наследи Љупчо Коцевски, кој во декември поднесе неотповиклива оставка. За изборот во Собранието е потребно мнозинство од 61 пратеник.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img