домаМакедонијаМакедонски јазик ќе се изучува во училиште во Хрватска

Македонски јазик ќе се изучува во училиште во Хрватска

- Advertisement -spot_img

Во хрватскиот град Света Недела, во близина на Самобор, свечено беше одбележан почетокот на наставата за изборниот предмет Македонски јазик и култура. Иницијативата е на професорката по македонски јазик Ивана Брезовец, која овој предмет веќе го предава во Првата гимназија во Загреб и е претседателка на македонското културно друштво „Охридски бисер“ во Загреб.

– Со поддршка од Заедницата на Македонците во Република Хрватска и од претставничката на македонското национално малцинство во Загрепската жупанија, Лена Ѓапиќ, како и со помош од Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска дојде до реализација и почеток на програмата. Присутните на почетокот на наставата сведочеа за детски насмевки и исполнети желби на најмладите кои уште од почетокот на учебната година со нетрпение го очекуваа тој ден. Самата желба е произлезена од синовите на професорката Брезовец и пријателите што ги имаат во нивното училиште, што е доказ дека во обичните животи на Македонците во дијаспората може да се случат убави и важни настани, соопшти Иван Антоновски, профсор од Филолошкиот факултет на УКИМ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img