7.8 C
Skopje
14 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаАгецијата за одземен имот го продава плацот на Мијалков во Морани, цената...

Агецијата за одземен имот го продава плацот на Мијалков во Морани, цената е намалена, дали овој пат ќе биде успешна продажбата

- Advertisement -spot_img

Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас на кој го продава плац во Морани, кој беше во сопственост на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

Како што пишува во огалсот, објавен на веб страната на Агенцијата, по пат на аукција ќе се продава конфискуван недвижен имот, а ова е второ јавно наддавање по електронски пат.

– На продажба е ставено земјиште со површина од 56.818,07 метри квадратни, лоцирано во Морани, место викано Долно Поле, запишано во Имотен лист бр.1580, во сопственост на Република Северна Македонија – Агенција за управување со одземен имот. Почетната продажна цена, утврдена врз основа на процена на Министерството за правда – Биро за процени и намалена за една четвртина согласно закон, изнесува 12.784.065 денари.

Јавното електронско наддавање ќе се одржи на 2 март 2026 година со почеток во 10:00 часот и ќе трае 15 минути. Огласот е објавен во период од 12 до 26 февруари 2026 година, а рокот за поднесување пријави за учество е до 26 февруари 2026 година до 14:00 часот – се наведува во огласот.

Право на учество имаат сите заинтересирани физички и правни лица кои согласно закон можат да стекнат сопственост, освен лицата изречно наведени во огласот (вработени во Агенцијата, лица службено вклучени во постапката, осудени лица и поврзани лица и правни субјекти). Во цената не се вклучени дополнителни давачки и трошоци, а данокот на промет на недвижноста е на товар на купувачот.

За учество е потребно поднесување пријава со комплетна документација преку Архивата на Агенцијата, во затворени пликови согласно пропишаната постапка, како и приложување доказ за уплатена гаранција во висина од 10% од утврдената вредност. На понудувачите чија понуда нема да биде прифатена, гаранцијата им се враќа по завршување на наддавањето.

Јавното наддавање нема да се одржи доколку се јави само еден понудувач. Најповолниот понудувач е должен во рок од најдоцна 15 дена од заклучувањето на наддавањето да ја уплати понудената цена, по што Агенцијата носи заклучок за извршена продажба, кој претставува правна основа за стекнување сопственост, како и заклучок за предавање на недвижноста во владение.

Според огласот, врз предметниот имот не постои законско или укнижено право на уживање, домување или службеност. Дополнителни информации заинтересираните може да добијат во Агенцијата за управување со одземен имот или преку нејзината интернет-страница.

Ова не е прв обид за продажба на плацот на Мијалков, напротив, тој се продаваше првично заедно со друг имот конфискуван од некогашнот шеф на тајна полиција.
На тогашната акуција плацот во Морани се нудеше по повисока цена. Имено, на продажбата земјиштето од 56.818 метри квадратни кај Морани се продаваше по почетна вредност од 17.045.421 денари

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img