домаМакедонијаБМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон...

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

- Advertisement -spot_img

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за судир меѓу патничко возило „БМВ“ и камион, по што избувнал пожар.

Очевидци сведочат за драматични сцени на местото на несреќата, а на терен се забележани екипи на противпожарната служба и итната помош. Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица.

Дополнително, возачи информираат за застој или нова сообраќајна незгода и на делот по патарината Миладиновци, во близина на исклучокот за Илинден, што дополнително ја усложнува сообраќајната состојба во овој дел од главниот град.

На возачите им се препорачува зголемена внимателност, намалување на брзината и, доколку е возможно, користење на алтернативни правци сè додека сообраќајот не биде нормализиран.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img