ФК Шкендија Арачиново официјално го претстави Никола Шаркоски како нов член на клубот, откако беше постигнат договор со искусниот фудбалер, кој од денеска ќе ги брани боите на црвено-црните.
Шаркоски зад себе има богато искуство од македонскиот елитен фудбал, настапувајќи во Првата лига за реномирани клубови како ФК Вардар, ФК Работнички, АП Брера (Пандев), Воска Спорт и ФК Победа. Во последната сезона беше дел од ФК Кожуф, каде што се истакна со стабилни настапи и висок професионализам.
Во редовите на Шкендија Арачиново, ангажманот на Шаркоски се оценува како значаен чекор кон зацврстување на тимот, како во натпреварувачкиот сегмент, така и во организацијата и стабилноста на играта на теренот.
Од клубот му посакаа топло добредојде на новото засилување, изразувајќи уверување дека неговото искуство ќе биде од голема корист во претстојните предизвици.









