Курт Исвариенко верува дека разводот не требало да се спроведе.
Шенон Доерти почина на 13 јули 2024 година на 53-годишна возраст, по речиси децениска борба со ракот, а нејзините колеги сè уште се сеќаваат на неа со голема љубов.
Поранешниот сопруг на Шенон Доерти, Курт Исвариенко, сè уште ги тужи извршителите на нејзиниот имот две години по нејзината смрт од рак. Луѓето кои управуваат со имотот на Шенон Доерти се обидуваат да обезбедат 51-годишниот фотограф Исвариенко да го почитува потпишаниот договор за развод.
Сепак, во новите судски документи поднесени во средата, 14 јануари, адвокатот на Исвариенко тврди дека потпишаниот договор за развод е поднесен кај погрешен суд, со што се доведува во прашање надлежноста на судот во случајот, објавува Us Weekly.

Ѕвездата од серијата „Беверли Хилс, 90210“ почина на 13 јули 2024 година на 53-годишна возраст, по речиси децениска борба со ракот, а нејзините колеги сè уште се сеќаваат на неа со голема љубов.
Доерти го потпишала договорот за развод на 12 јули 2024 година, додека Исвариенко го потпишал на 13 јули 2024 година, а судијата го одобри договорот на 15 јули 2024 година.
Сега Исвариенко тврди во нови судски поднесоци дека разводот воопшто не требало да помине низ судовите бидејќи смртта на Шенон Доерти на 13 јули автоматски го прекинала бракот. Затоа, тој верува дека судот нема законско овластување да ги спроведува одредбите од договорот.
https://www.instagram.com/p/DTnzMbClQow/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=NTc4MTIwNjQ2YQ==
Во правните документи добиени од Дејли Меил, имотот го обвинува Исвариенко дека не ги исполнил неколку обврски од пресудата за развод, вклучително и тоа дека не го ставил на продажба домот од 1,5 милиони долари во Дрипинг Спрингс, Тексас, што го делеле до одреден рок. Тој е обвинет и за задржување на повеќе од 50.000 долари што наводно ги должи, како и за невраќањето на личните работи на Шенон Доерти.
Обвинувањата биле изнесени во барање поднесено од Крис Кортацо, повереник на Фондацијата на семејството Шенон Доерти, во обид да стане законски наследник со право да ја спроведе пресудата меѓу Доерти и Исвариенко. Барањето било поднесено на 24 ноември и ја вклучува пресудата за развод како прилог.
Фото: Принтскрин/Instagram









