4.8 C
Skopje
19 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионРепублика Српска доби нова влада – Сaво Маниќ повторно избран за премиер

Република Српска доби нова влада – Сaво Маниќ повторно избран за премиер

- Advertisement -spot_img

На посебна седница на Народното собрание на Република Српска, пратениците од владејачкото мнозинство ја избраа новата Влада на ентитетот, на чие чело повторно застана Сaво Маниќ од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД).

На гласањето присуствуваа 51 од вкупно 83 пратеници, од кои 49 гласаа „за“, додека опозицијата не учествуваше во изјаснувањето. Во новиот владин состав има пет нови министри.

Изборот на новата влада следуваше откако вчера Народното собрание ја прифати оставката на претходниот премиер, со што автоматски престана мандатот на целата влада. Веднаш потоа беше свикана вонредна седница на која беше изгласана новата извршна власт.

Маниќ оставката ја поднесе на 15 јануари, а истиот ден беше повторно предложен за мандатар од страна на вршителката на должност претседател на Република Српска, Ана Тришиќ Бабиќ.

Политичките случувања доаѓаат во чувствителен момент, непосредно пред закажаната седница на Уставниот суд на Босна и Херцеговина на 22 јануари. Судот треба да одлучува по жалбата на група бошњачки пратеници, кои тврдат дека именувањето на Маниќ за мандатар не било законски валидно.

Тие сметаат дека номинацијата е спорна бидејќи дошла од страна на лидерот на СНСД, Милорад Додик, кому претходно му беше одземен мандатот на претседател на Република Српска со одлука на Централната изборна комисија на БиХ, врз основа на пресуда на Судот на БиХ со која му беше изречена казна затвор и забрана за вршење јавна функција во траење од шест години.

Според Уставот на Република Српска, единствено претседателот на ентитетот има надлежност да предложи мандатар за состав на владата, што дополнително ја заострува правната и политичката дебата околу легитимноста на новиот кабинет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img