ФОТО: Real Madrid C.F./FB
Реал Мадрид денеска од 14 часот го пречекува Леванте во 20-тото коло од Ла Лига, а ќе биде првиот домашен натпревар во кој Реал ќе преземе посебни мерки.
Навивачите кои ќе бидат фатени како ги свиркаат играчите и тренерскиот персонал ќе им биде забрането да доаѓаат на домашни натпревари за одреден период. Необичен и донекаде очаен потег во редовите на кралскиот клуб.
Како објаснување, тие го наведуваат фактот дека секој притисок и лоша атмосфера на трибините не му помагаат на клубот во овој момент.
„Кој сака да свирка и навредува, може да го стори тоа, но не на стадионот“, се наведува во соопштението до близок клуб.
Клубот ќе направи сè за да го смири притисокот и атмосферата околу играчите, за да можат што побрзо да се вратат на победничките патеки. Очигледно, првиот човек на клубот, Флорентино Перез, им дал поддршка на играчите и тие сакаат навивачите да го сторат истото во овие проблематични моменти за клубот кога станува збор за резултатите.
Ова ако е вистина тогаш и Дон Флорентино ја претера.









