Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 02:20 часот во село Инџиково извршиле преглед на лицето Р.С. од село Гумалево, скопско, како и на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал.
При прегледот, кај лицето била пронајдена кокаин, додека во возилото бил пронајден пиштол „Застава“ М57, калибар 7,62 мм, наполнет со рамка со девет куршуми, за кој Р.С. не поседувал дозвола.









