Македонската амбасада во Берн е во постојана комуникација со надлежните институции во Швајцарија и до овој момент нема информации за загинати или повредени македонски државјанин во пожарот во Кран-Монтана, соопштија од МНР.
Амбасадата внимателно ја следи состојбата и е во целосна подготвеност да им пружи неопходна помош на своите државјани. Воедно, од МНР велат дека на социјалните мрежи на амбасадата во Берн и Министерството се објавени контакт информации за сите на кои им е потребна поддршка.







