Како што се наближуваат празниците така расте бројот на деца питачи во туристичките центри кои ги носат и транспортираат до Охрид и Струга од Велес, Кичево, Струмица, Битола, Штип и останатите градови.
Голи, боси и изгладнети просат по улиците и на плоштадите, а парите кои ќе ги соберат завршуваат кај организаторите и мафијата.
Истражувањата покажале дека 18.500 деца не се во школските клупи. Најзагрозена е ромската заедница.За четири години, од 2.000 деца кои секојдневно питачат 145 деца се тргнати од улиците а Министерството за внатрешни работи поднело 246 кривични пријави за изминатите години за злоупотреба на децата, тргување, бизнис и проституција.
Јовановиќ апелира институциите да го спроведуват протоколот, според кој децата мора да бидат вклучени во образовниот систем, да имаат право на здравствена заштита, Министерството за внатрешни да им обезбеди изводи на родени и државјанства, а градоначалниците да го решаваат питачењето во нивниот град со отстранување на питачите од улица и отварање дневни центари.







