Полицијата денеска во 12:45 часот добила пријава дека на кањон Матка, во близина на угостителски објект, автомобил се превртил и паднал во коритото на реката Треска.
Веднаш по пријавата полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека превртен е автомобил „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на „рент а кар“ компанија од Скопје. Возилото било на брегот и делумно навлегло во реката Треска.
„Возилото го управувал О.И., а сопатници биле Ч.Б. и Е.Х. сите турски државјани. Од страна на полициски службеници лицата се извадени од возилото и истите се изјасниле дека не им е потребна итна медицинска помош. Извршен е увид на местото на настанот, а возилото е безбедно извадено“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанот.







