HomeСпортКомплетен „ремонт“ во Башкими – клубот се раздели со десет фудбалери!

Комплетен „ремонт“ во Башкими – клубот се раздели со десет фудбалери!

- Advertisement -spot_img

Прволигашот Башкими од Куманово е решен да направи голем „ремонт“ во своите редови и сигурно е дека повратникот во Првата лига во пролетниот дел ќе изгледа сосема поинаку кога е во прашање ростерот.

Башкими реши да им се заблагодари на Марко Симоновски, Огузан Ајдоган, Фламур Џелили, Абдулхади Јахја, Недим Хаџиќ, како и на Иса Аденкуле, Хабубула Аскар, дресот на Башкими во иднина нема да го носат ниту Фарук Бихорац, Самет Реџепи како и Ардит Демири.

Башкими есенскиот дел го заврши на шестото место со 22 бодови, колку што има и Арсими кој е петти на табелата.

Тимот направи и една тренерска промена, откако Башкими на почетокот на сезоната одлучи да се раздели со Блаже Јанакиевски, човекот кој го внесе тимот во Прва лига и го донесе Муарем Муарем.

Меѓутоа во текот на есенската полусезона се случи пресврт – Муарем се раздели со Башкими, а клубот од Куманово го врати Јанакиевски на тренерското столче, додека пак Муарем сега е тренер на Работнички.

Во следниот период се очекува Башкими активно да се вклучи на трансфер пазарот и да започне со промоција на првите зимски засилувања.

Александар Ванев, М-Нет

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img