2.8 C
Skopje
27 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВо Македонија секој петти граѓанин е сиромашен

Во Македонија секој петти граѓанин е сиромашен

- Advertisement -spot_img

Во 2024 година, стапката на сиромашни лица изнесуваше 21,9 проценти, или секој петти граѓанин е сиромашен, извести Државниот завод за статистика (ДЗС) врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија. Државниот завод ги пресмета таканаречените лаекенски индикатори за сиромаштија, а основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, при што прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 проценти од медијалниот еквивалентен приход. Така, праг на сиромаштија за самечко домаќинство е годишен приход од 178.286 денари, а на двајца возрасни со две деца под 14 години е 374.000 денари.

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2024 година е 17,1 проценти. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 12 проценти. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 29,1 проценти.

Податоците покажуваат дека ссостојба кај семејствата со три и повеќе издржувани деца е уште полоша и изнесува дури 54,8 проценти!

Стапката на сиромашни пензионери изнесува 12.0 %

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img