Руската Федерација има нов прв човек во дипломатското претставништво во Скопје. Претседателот Владимир Путин потпиша указ со кој за нов амбасадор во Република Северна Македонија го именува Дмитриј Зиков.Информацијата е официјализирана преку документ објавен на рускиот официјален интернет портал за правни акти.
Што пишува во указот? Во документот, со кој се официјализира смената на досегашниот дипломатски врв во амбасадата во Скопје, стои кусо и јасно:
„Зиков Дмитриј Константиновиќ се именува за извонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“.
Зиков доаѓа на оваа позиција во период на затегнати дипломатски односи меѓу двете земји, со оглед на тоа што Северна Македонија е на списокот на „непријателски држави“ на Русија.







