Казни за лекарите ќе има доколку ги надминат квотите за препишување на антибиотици и анксиолитици, предупредуваат од Фондот за здравство. Минатата година за 23% е зголемена употребата на антибиотикот Сумамед кој треба да биде последна линија на лекување. Преку Е-рецептот којшто ќе профункционира наредната година, ќе се знае за која болест кој лек бил даден, и дали дозирањето е соодветно.
Одливот на здравствени работници беше од внатрешноста во Скопје и од Скопје кон приватното здравство. Има повеќе проблеми кои треба да се решат. Со зголемување на платите од приватното здравство почнале да се враќаат лекари во јавното, а пред некој ден се вратиле и две медицински сестри.
При посетата на болниците низ државата од ФЗО регистрирале дека има хирурзи кои земаат плата и до 2000 евра, ги користат додатоците, но не влегуваат со сала, пациентите се препраќаат во други здравствени установи или оправдувањето е дека нема тим. Вели на оваа практика треба да се стави крај и тие одделенија коишто не работат да се затворат, а да се поттикнуваат и развиваат тие што даваат резултати.







