6.8 C
Skopje
24 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeРегионОткажани до 50% од резервациите на одредени зимски локации во Грција поради...

Откажани до 50% од резервациите на одредени зимски локации во Грција поради блокадите од страна на земјоделците

- Advertisement -spot_img

Протестите на земјоделците низ цела Грција и отежнатиот сообраќај од почетокот на овој месец, предизвикаа откажување на речиси половина од резервациите за празничниот период во некои од популарните зимски туристички центри во земјата, според информациите на грчките медиуми, пренесе дописничката на МИА од Атина.

Весникот „Та неа“ информира дека според угостителите од повеќе региони во централна Грција, каде се наоѓаат планински туристички центри, „претрпените загуби се веќе значителни и не се ограничени само на периодот околу Божик и Нова година, туку започнаа истовремено со почетокот на земјоделските протести“.

„Не зборуваме за само неколку продолжени викенди. Веќе 25 дена забележуваме драстичен пад на резервациите, а откажувањата достигнуваат до 50 проценти. На Божик одиме со најмногу 50 проценти исполнетост, ако бидеме оптимисти“, истакнува за весникот претседателот на угостителите од областа Магнисија, Јоргос Зафирис, додека во Јанина откажувањата се движат помеѓу 20 и 25 проценти.

Според податоците на грчката телевизија „Мега“, во одредени делови на Грција, каде првично исполнетоста била стопроцентна, сега поради откажувањата се намалила на 50-60 проценти.

Во Трикала, познати по божиќниот парк „Мелницата на џуџињата на Дедо Мраз“, каде на почетокот на месецот угостителите за МИА изјавија дека празничниот период за нив претставува висока сезона со стопроцентна исполнетост, сега, според „Мега“, откажувањата за Божик изнесуваат 40 проценти.

Претседателот на грчката федерација на угостители, Јанис Хаѕис, преку соопштение на платформата Х вчера потенцира дека за настанатата ситуација не се одговорни ниту клиентите, ниту членовите, ниту вработените, и побара начин за ограничување на економската штета што ја трпат членовите на федерацијата.

Пред 12 дена, федерацијата испрати писмо до министрите за заштита на граѓаните, за транспорт и за земјоделство, во кое изразија разбирање за протестите на земјоделците, нагласувајќи ја меѓусебната соработка со тој сектор. Сепак, додадоа дека е од клучно значење „формите на протестите да не предизвикуваат непропорционални последици врз другите економски сектори и врз локалната заедница“.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември со неколку блокади, кои постепено се проширија низ цела Грција, блокирајќи автопатишта, особено во централниот и северниот дел на земјата, каде што сообраќајот беше отежнат или целосно прекинат.

Грчките земјоделци, од вчера, ги повлекоа блокадите, а сообраќајот до петок ќе се одвива непречено, иако тракторите остануваат паркирани покрај една од коловозните ленти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img