6.8 C
Skopje
24 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпортПавле Давковски од Раднички Ниш е следната мета на ФФМ

Павле Давковски од Раднички Ниш е следната мета на ФФМ

- Advertisement -spot_img

Македоската Фудбалска Федерација макотрпно работи на полето на засилувањата од дијаспората. Тоа не е новост, особено откако на чело на скаутинг службата за прв човек е поставен нашата фудбалска икона Николче Новески. Секојдневно се работи на пронаоѓање на нашинци ширум светот, од далечната Австралија, преку САД, до земјите во Европа.

Не ретко, такво име се наоѓа и во нашето соседство како што е Србија. Последен кој се појавува е во моментов членот на тимот на Раднички Ниш, и соиграч на искусниот наш репрезентативец, Стефан Ашковски, осумнаесет годишниот Павле Давковски.
Момче кое што досега нема настап за ниту една селекција, а од ФФМ веќе е исконтактиран.

Се работи за играч кој што е пред се офанзивно ориентиран и кој што во младинските селекции еден период беше и во Војводина. Сепак, во моментов е дел од тимот на Раднички, каде што е дел од првиот тим, и каде што со сигурност во следниот период ќе добие и одредена минутажа.

Наскоро би требаало да го видиме и на списокот на некоја од нашите селекции, а дали тоа ќе биде У19, или евентуално новосоздадената У20 ќе одредат селекторите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img