Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека инспекторатот за животна средина изрекол казни кон правни лица – загадувачи во Скопје, откако во изминатите два дена биле спроведени силни и координирани инспекциски надзори на терен.
Информацијата скопскиот градоначалник ја соопшти во објава на својот фејсбук-профил. Во него тој не наведува кои фирми се казнати поради загадување на амбиенталниот воздух во главниот град, но порачува дека активностите што се во надлежност на градските власти ќе продолжат со несмален интензитет.
Градоначалникот на Скопје најавува дека службите на градот нема да застанат тука и дека секој што го загрозува здравјето на граѓаните ќе биде санкциониран, без грам толеранција.







