2.8 C
Skopje
23 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаРКЕ ја зголемува цената на електричната енергија за домаќинствата

РКЕ ја зголемува цената на електричната енергија за домаќинствата

- Advertisement -spot_img

По иницијатива на ЕВН Хоум, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи да ја зголеми цената на електричната енергија за домаќинствата.

Како што соопшти Бислимовски на прес-конференција, цената на електричната енергија за првиот блок се зголемува за 2,45%, за вториот блок за 2,87%, за третиот за 3,33%, а за четвртиот блок за 3,84%. За евтината тарифа РКЕ одлучи зголемување од 2,50%.

Како што посочи Бислимовски, ЕВН Хоум барал повисоко зголемување од околу 8-9%, но Комисијата ја утврди цената која беше објавена.

Доколку се укине надоместокот од 200 денари за мрежарина, цената ќе порасне на 2,6 денари, што би довело до значително поголемо зголемување на блоковите, вклучително и 13% за евтината тарифа. РКЕ сепак смета дека нема потреба од укинување на надоместокот.

За домаќинствата, тоа значи дека сметката за потрошувачка само во првиот блок ќе се зголеми за околу 57 денари, за првиот и вториот блок за 70 денари, а за потрошувачка во прв, втор и трет блок, месечната сметка ќе се зголеми за 370 денари, што се однесува на околу 14.000 домаќинства.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img