4.8 C
Skopje
19 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаФилков: Во 2026 година ќе се фокусираме на пополнување на критичните кадровски...

Филков: Во 2026 година ќе се фокусираме на пополнување на критичните кадровски позиции во судството и обвинителството

- Advertisement -spot_img

Во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, на амбасадите во земјава,судии, јавни обвинители, адвокати, Советот на ИКТ, меѓународни и домашни организации и донаторската заедница, на 9-от состанок на Секторската работна група за правда, министерот за правда Игор Филков нагласи дека кадровското зајакнување е предуслов за успешна дигитализација и функционално правосудство.

Надзорот спроведен од Министерството за правда покажа алармантни податоци:
▪️ пополнетост на судиски места од 67% (432 од 636)
▪️ судска служба со само 36% пополнетост, што директно влијае врз ефикасноста и должината на судските постапки.

Токму овие констатации, како што истакна Филков, се основа за преземање конкретни и координирани мерки, со кои во 2026 година ќе се зајакнат човечките капацитети на најкритичните точки во системот.

,,Иако во делот на прописите предвидуваме суштински промени, најважен останува човечкиот фактор. Потребни се стручни кадри на секое ниво во правосудството, за ефикасно функционирање и постапување во служба на правдата. Тука е потребна заедничка заложба на сите”, рече во своето обраќање министерот за правда Игор Филков.

Паралелно, Министерството за правда во изминатиот период подготви над 20 закони, во транспарентен и инклузивен процес:
▪️ 13 закони се веќе во владина процедура
▪️ Законот за Судскиот совет е во Собрание и го помина првото читање.

Продолжува спроведувањето на Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028 и Реформската агенда 2024–2027, за кои е формиран Совет за следење на реформите. Процесот е поддржан од Европската Унија, што претставува јасен сигнал за доверба и напредок кон членство во ЕУ. Министерот за правда Игор Филков изрази благодарност до сите партнери за континуираната поддршка и соработка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img