4.8 C
Skopje
19 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЗа побрз пристап до услугите, промовирани е-Киоск и е-Сандаче; Андоновски вели дека...

За побрз пристап до услугите, промовирани е-Киоск и е-Сандаче; Андоновски вели дека дигиталната трансформација мора да биде достапна за сите

- Advertisement -spot_img

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата за промоција на националната ИКТ Стратегија СМАРТ/МК 2030, нагласувајќи дека дигиталната трансформација се реализира преку конкретни, мерливи решенија што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.

„Дигиталната трансформација мора да биде достапна за сите, без разлика на дигиталните вештини или пристапот до лична опрема“, истакна Андоновски.

Денеска беа промовирани Терминалите за услуги (е-Киоск) како практично решение за дигитална инклузија и побрз пристап до услуги. Планот е терминалите да бидат поставени на фреквентни локации низ државата и да бидат достапни 24/7, со јасно воден процес и визуелни инструкции, прилагодени и за граѓани со пониско ниво на дигитални вештини.

Преку е-Киоск, граѓаните ќе можат да се идентификуваат со лична карта или пасош, да изберат услуга, да извршат плаќање и да го добијат документот веднаш – испечатен на самиот терминал. Терминалите се особено значајни за рурални средини, повозрасни лица, граѓани без постојан интернет-пристап и општини со ограничени административни капацитети.

Министерот истакна дека е-Сандачето претставува официјален, безбеден и правно валиден канал за комуникација меѓу институциите и граѓаните – централизирано место за прием на службени документи, решенија, известувања и други акти со доказ за прием.

„Важно е да се нагласи: е-Сандачето не е обична електронска пошта.“ – потенцираше министерот Андоновски.

Системот овозможува нотификации во реално време, побрза достава без чекање, следење на статуси на предмети и поефикасна административна комуникација.

Во завршниот дел, министерот нагласи дека со досегашната дигитализација на услуги, Документ-менаџмент систем во голем број институции, интероперабилност, како и со е-Сандачето и Терминалите за услуги, државата води конкретна и мерлива имплементација на дигиталната трансформација – со цел ефикасна, достапна и европска дигитална држава.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img