10.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионДодик: Да сакавме да ја трпиме окупацијата на ЕУ, немаше да се...

Додик: Да сакавме да ја трпиме окупацијата на ЕУ, немаше да се ослободуваме

- Advertisement -spot_img

Ана Тришиќ Бабиќ, која моментално ја извршува функцијата претседателка на Република Српска, потврди дека останува кандидат за главен преговарач кога Босна и Херцеговина ќе ги отвори пристапните преговори со Европската унија. Нејзиниот партиски шеф Милорад Додик, пак, порача дека од тоа „нема да има ништо“ сè додека не се постигне договор кој е во интерес на Република Српска.

Тришиќ Бабиќ, која со години беше советничка на Додик, стана привремена претседателка на Република Српска врз основа на одлука на парламентот, откако на Додик му беше одземен мандат по осудата на една година затвор поради непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница.

Во интервју во вторникот за бањалучката Alternativnu televiziju (ATV), блиска до власта во РС, Тришиќ Бабиќ првпат потврди дека таа е кандидатката на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Додик за главен преговарач – нешто што досега само се претпоставуваше.

„Моето име се појави затоа што бев помошник министер за надворешни работи, а десет години заменичка министер“, изјави Тришиќ Бабиќ, додавајќи дека се нашла на позицијата привремена претседателка на РС „по сплет на околности“, а не поради лични амбиции.

Таа рече дека претходниот начелен договор во рамките на владејачката коалиција на ниво на БиХ бил – главниот преговарач да биде лице од српска националност, бидејќи на чело на Советот на министри е Хрватка, а министерот за надворешни работи е Бошњак. Во РС сметале дека е логично преговарачот да доаѓа од најсилната политичка партија во ентитетот, односно од СНСД.

Именувањето на Тришиќ Бабиќ решително го оспоруваат трите партии од бошњачко-гражданскиот блок во рамките на владејачката коалиција. Тие тврдат дека таа позиција никако не смее да ѝ припадне на СНСД, бидејќи оваа партија ја сметаат за антиевро­пска и проруски ориентирана, и веруваат дека Додик преку своите „марионети“ би го опструирал преговарачкиот процес.

БиХ сега се соочува со кратки рокови, бидејќи до 17 декември мора да ги усвои законите за судовите и за Високиот судски и обвинителски совет (ВСОС) и да го именува главниот преговарач, доколку сака Европскиот совет да одобри формално отворање на пристапните преговори.

Овој рок е тешко достижен, бидејќи двајцата министри на Додик во Советот на министри двапати го урнаа дневниот ред на седниците на кои требаше да се разгледуваат овие закони, а Тришиќ Бабиќ сега потврди дека тие се против предложените закони.

„Повторно се обидоа Република Српска да се откаже од својот Устав и своите интереси“, изјавила соработничката на Додик.

Тоа речиси истовремено го потврдил и самиот Додик, порачувајќи дека нема да има ништо од новите закони сè додека не се постигне внатрешен договор. На објава на социјалната мрежа X, тој го искористи моментот за да го навреди шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ, Луиџи Сореца, кој упорно повикува законите да бидат усвоени, бидејќи без тоа нема напредок на европскиот пат.

Додик го означи Сореца како „антисрбин“ кој се залага за унитарна БиХ“, а Европската Унија ја опиша како окупатор.

„Да сакавме да ја трпиме нивната окупација, немаше толку пати да се ослободуваме“, заклучи Додик, кој и по смената од позицијата лидер на СНСД сè уште ги контролира сите поважни лостови на власта во Република Српска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img