10.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионОсум од десет Грци веруваат дека корупцијата е сериозен проблем во земјата

Осум од десет Грци веруваат дека корупцијата е сериозен проблем во земјата

- Advertisement -spot_img

Осум од 10 Грци, односно 83 проценти, веруваат дека во Грција постојат феномени на корупција во голема или прилично голема мера, а повеќе од една третина од анкетираните лица изјавиле дека се соочиле со корупција во последните 12 месеци, според анкетата објавена денес од компанијата „Палмос Аналисис“ за перцепцијата на граѓаните за корупцијата.

Резултатите од анкетата спроведена во име на Националниот орган за транспарентност (НТА) покажаа дека мнозинството млади луѓе до 24 години ја осудуваат корупцијата и не ја толерираат, сè додека им „потребна“, објавува денес „Катимерини“.

Исто така, се покажа дека само три проценти од Грците веруваат дека или воопшто нема корупција, или дека таа постои во прилично мала мера, додека 64 проценти од испитаниците со магистерски или докторски степен изјавиле дека феномените на корупција постојат во Грција во многу голема мера.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img