Дали судницата се претвори во Струшките вечери на поезијата, дали зборовите треба да ја покријат смртта на нашите деца – ова се прашањата кои ги поставија родителите на денешниот 32 марш за ангелиите, кој што се одржа низ кочанските улици.
Со неизмерна болка на лицата, со солзи на очите и со наведнати глави родителите на загинатите од кобниот 16ти март повторно на Марш за ангелите. Велат, тука сме не од политика, туку затоа што правдата се уште ја нема. Потенцираат, веќе две рочишта по ред гледаме и слушаме исто сценарио.
Александар Наунов, татко на загината ќерка: -Гледаме како сите ја префрлаат топката еден на друг и како сите бегаат од одговорност, а никој не застанува исправено пред вистината, потенцираат родителите и прашуваат, како е можно денес сите да се ненадлежни, а децата да се мртви?
Овој марш не е против државата, туку за државата да почне да функционира, порачаа родителите.
Инаку, следното рочиште е закажано за 10 декември, а ден претходно, во вторник, на 9ти декември пак треба да се одржи Анкетната комисија во Собранието, на која всушност треба да бидат лоцирани системските пропусти кои довеле до тоа да се случи трагедијата.
Ние не бараме одмазда ниту крв, ние бараме само едно а тоа е – правда. Со овие зборови, родителите повторно ги потсетија инститиуциите за прерано згаснатите 63 млади животи во кочанската дискотека Пулс.







