8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионРадев: Впишувањето на бугарите во уставот ќе ги забрза евроинтеграциите на Македонија

Радев: Впишувањето на бугарите во уставот ќе ги забрза евроинтеграциите на Македонија

- Advertisement -spot_img

Брза интеграција на Македонија во ЕУ, но не на сметка на Бугарите во земјата. Ова го порача бугарскиот претседател Румен Радев, на средба со претставници на бугарските организации од Битола, Охрид, Скопје, Прилеп, Кавадарци и Кочани. 

Од кабинетот на Радев, велат дека тој на средбата во Софија, им порачал дека очекува – македонската влада да ја спроведе преговарачката рамка, која беше изгласана во јули 2022 год, но и дека заштитата на Бугарите во земјава, не е само кауза на бугарските институции, туку и на целата ЕУ.

Румен Радев претседател на Република Бугарија  – Вклучувањето на Бугарите во уставот на РСМ значително ќе го забрза патот на земјата кон ЕУ и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро со цел да се отворат вратите за преговори за полноправно членство. Сите се надеваме дека интеграцијата на РСМ ќе се случи што е можно поскоро, но тоа не може да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјата.

А претставниците на бугарската заедница во Македонија, се изјасниле против идејата за уставни измени со одложено дејство и се пожалиле на Радев и за Акцискиот план за малцинства – кој Македонија е обврзана да го направи според преговарачката рамка – паралелно со уставните измени. 

Кабинет на претседател на Република Бугарија -Тие информираа за своите загрижености во врска со тековниот процес во Скопје за развој и усвојување на Акциски план за заштита на правата на заедниците, што е важна обврска на Северна Македонија од европскиот компромис усвоен во 2022 година. Тие особено го насочија вниманието кон фактот дека не биле вклучени во подготовката на овој план од самиот почеток, како и кон исклучително краткиот рок во кој одеднаш биле повикани да дадат проценки и предлози според овој План. 

Вчера премиерот Мицкоски, на брифинг со новинари порача дека секоја отстапка од македонска страна резултира со нов услов и затоа се потребни гаранции. За иницијативата од Брисел, но и од некои ЕУ земји, Мицкоски изјави дека засега не е јасно дали бугарската страна е подготвена за разговори.

Христијан Мицкоски премиер – Уставните измени се само почеток. И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов. Едно е политика, а друго е национален интерес. Прашањето е дали ќе продолжиме по овој пат да бидеме наивни дека ако правиме отстапки, тоа е начинот. Јас не мислам дека тој пат е добар. Овој пат по кој оди оваа Влада е тежок, но не е срамен .

И додека состојбата Скопје- Софија тапка во место, Македонија останува заглавена на патот кон ЕУ. Според преговарачката рамка, земјата мора да го смени уставот, но и да изготви посебен документ кој е дел од патоказот за владеење на правото или тн. Акциски план за малцинства, за да ги стартува преговорите. Двата документи се сместени во првиот кластер – Фундаменти, со кои стартуваат и завршуваат преговорите со ЕУ, а постојано ќе се разгледуваат на Меѓувладините конференции на земјата со Брисел, во текот на целиот процес на преговорите. Бугарија ќе може да стави вето на Акцискиот план, уште на самото усвојување на ниво на земји-членки. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img