8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаНиколовски: Трипуновски, твоите беспредметни кривични пријави не можат ни оддалеку да го...

Николовски: Трипуновски, твоите беспредметни кривични пријави не можат ни оддалеку да го тргнат фокусот од хаосот што го создаде

- Advertisement -spot_img

“Трипуновски, твоите беспредметни кривични пријави не можат ни оддалеку да го тргнат фокусот од хаосот што го создаде во земјоделството.

Кога сопствената посебна советничка ти е фатена во истрагa за рекет со европски пари се носи политичка одговорност.

Кога најразвојната програма во државата e суспендирана поради коруптивен скандал: се поднесува оставка, се овозможува независна истрага и се молчи од срам, а не со прес-конференции и статуси.

Половина од твоите најблиски соработници се под истрага, со телефони на вештачење, со претреси и информативни разговори. Тоа е реалноста од која бегаш.

Наместо смешни пријави, избери да одговориш на она што секој ден го прашуваат земјоделците:
Кога одгледувачите на овци ќе ги добијат субвенциите?
Кога субвенциите за млеко?
Ќе се исплатат ли сите земјоделци за предаден зеленчук и овошје?
Зошто се кратат субвенции во ребалансот?
Зошто 130 милиони евра европска поддршка се замрзнати?

Ти, наместо да се соочиш со овие прашања, измислуваш пријави мислејќи дека ќе ја замолчиш вистината. Не оди тоа така, јавноста веќе гледа кој работи, а кој пишува статуси.

Дополнително треба да објасниш:
како се копа песок на земјиште дадено за рибник?
каде заврши земјоделското земјиште доделено изминатава година?
како точно се подготвува шемата за испумпување буџетски пари преку откупот на грозјето?

П.С. Колкав е рибниот фонд во општина Петровец?
П.С.С Наместо да доставуваш „кривични пријави“ со празни листови само за да дефокусираш и да си го спасуваш образот, подобро земи ги тие празни листови и напиши ја оставката”, напиша Љупчо Николовски на Фејсбук.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img