Екипите на јавните претпријатија и Водостопанство Битола и вечерва се распоредени на сите критични локации, соопшти Општина Битола. Надлежните информираат дека моменталната состојба е целосно стабилна, без никаква опасност за жителите од околните населени места.

Дежурните екипи ќе останат на терен во текот на целата вечер, опремени со потребната механизација за брза интервенција доколку се појави потреба.

Од Општината нагласуваат дека продолжуваат со внимателно следење на ситуацијата и координирана работа со сите служби за да се обезбеди максимална безбедност на населението.






