HomeМакедонијаЕвропската соработка за Скопје стартува – Ѓорѓиевски и Рокас во прва официјална...

Европската соработка за Скопје стартува – Ѓорѓиевски и Рокас во прва официјална средба

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во градската администрација одржа значајна работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас, како и со првиот советник и раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ, Марија Канелопулу.

Ова беше првата средба меѓу градоначалникот и претставниците на ЕУ по неговото стапување на функцијата. Разговорите биле насочени кон можностите за продлабочување на соработката и дефинирање на идните заеднички иницијативи.

Ѓорѓиевски истакна дека ваквите средби се клучни за развојот на главниот град, бидејќи носат нови идеи, партнерства и конкретни проекти што можат да го унапредат урбаниот и економскиот развој на Скопје.

Тој изрази уверување дека соработката со Европската Унија ќе продолжи да се интензивира и дека преку координирани активности ќе се изгради современо, отворено и европско Скопје, во согласност со очекувањата на скопјани.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img