Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски информира дека активно се работи на рехабилитацијата на обиколницата кај Крива Паланка која води до соседна Бугарија. Зафтот е дел од значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин – Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Бугарија.
Николоски потенцира дека обиколница на Крива Паланка е проект со кој го поттикнуваме регионалниот развој и соработка, во истовреме обезбедуваме побрз транспорт и безбеден сообраќај.








