Се надевам дека ќе се утврди вистината и ќе дојдеме до правдата преку една нормална судска постапка, онака како што предвидува законот, нагласи адвокатот Звонко Давидовиќ во емисијата „Директно“ на ТВ Телма во пресрет на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Никој не сака да го одолговлекува, но ќе трае онолку колку што законот предвидел процедури за изведување на докази и онолку колку што обвинителството било кадарно да го подготви обвинението и да приложи докази. Со премногу докази, со обемни докази, секоја постапка трае, затоа што сте должни да ги изведете“, изјави Давидовиќ.








