домаМакедонијаЧист воздух, редовен градски превоз, нови улици и паркови приоритети на новите...

Чист воздух, редовен градски превоз, нови улици и паркови приоритети на новите градски власти

- Advertisement -spot_img

Во управувањето со отпадот сме на ниво нула, бидејќи до пред еден ден бевме на ниво минус еден. Тридневната генералка е интервентно решение, потребни се долгорочни решенија – вели претседателот на Советот на Град Скопје, повикувајќи ги општините да ги обезбедат потребните контејнери, а граѓаните да се вклучат во селектирање отпад. На отпадот, вели, треба да гледаме како на ресурс.

Во Скопје проблем е и како да се стигне до работа, факултет, училиште поради редуцираниот јавен превоз. Приватните превозници од денеска со дел од автобусите се вклучени во сообраќај, а дел се сервисираат. Но, Димитровски вели дека и најавените 55 автобуси се привремено решение.

Меѓу приоритетите при креирањето на новиот градски буџет се вложувањето во чист воздух, инфраструктурните проекти за изградба на мостови за полесно движење во градот, нови улици, нови автобуски линии, но и паркови.

Според градските власти, има добри законски решенија, потребно е реализација.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img