Кога лекот не го дава посакуваниот резултат, пациентот неретко по неколку пати оди во најблиската аптека за совет. Талкањето на пациентите од матичен лекар до аптека ќе се прекине ако на фармацевтите им се овозможи да се вклучат во системот „Мој термин“.
Аптекарите бараат да постои фармацевтско досие, каде што тие ќе може да внесат забелешка доколу некој лек не му одговара на пациентот, матичниот да ја смени терапијата. Од Здружението на приватни аптеки се сретнаа со сите министри, од актуелниот Азир Алиу очекуваат да им се прифати предлогот.
Од Министерство за здравство информираа дека ќе се интензивираат процесите на дигитализација во сегментот на фармацевтските услуги. Граѓаните реагираат дека цените на лековите се повисоки од оние во соседството. Божиновска вели, лековите се со единствени цени во сите аптеки во земјава.
Фармацевтите велат, час поскоро мора да се внесат комбинираните лекови на сметка на државата, ќе се намали трошокот на граѓаните. Министерот за здравство Алиу како и сите негови претходници досега вети нови лекови на позитивна листа ќе има два пати годишно.
Минатата година во септември позитивната листа беше освежена со нови лекови-9 генерики, односно 87 лека станаа достапни на граѓаните на сметка на Фондот за здравство.








