домаМакедонијаПроданоски најави отворени средби со граѓаните – Прилеп добива директна комуникација со...

Проданоски најави отворени средби со граѓаните – Прилеп добива директна комуникација со градоначалникот

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави нова иницијатива за директна комуникација со граѓаните преку редовни, отворени средби што ќе се одржуваат секој четврток од 10:00 часот во просториите на општината.

Како што соопшти Проданоски, секој жител на Прилеп ќе има можност лично да разговара со градоначалникот и да ги изнесе своите прашања, идеи и предлози поврзани со локалната заедница.

„Вратата на Општина Прилеп ќе биде секогаш отворена. Нашата цел е транспарентност, соработка и решавање на реалните потреби на граѓаните“, порача Проданоски.

Средбите со граѓаните ќе се закажуваат секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, на телефонскиот број 075 22 99 15.

Со оваа иницијатива, Општина Прилеп воведува нов модел на директна достапност и отчетност, кој треба да овозможи поблиска врска меѓу локалната власт и граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img